„Стандард енд пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ-, со стабилен изглед

Aгенцијата „Стандард енд пурс“  (“Standard and Poor’s”) соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на  Македонија ББ-, со стабилен изглед. Според извештајот, решавањето на спорот со името е круцијален позитивен чекор, и ги отвора вратите за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ во текот на 2019 година, што би можело да ги забрза структурните реформи.

Според кредитната агенција, враќањето на политичката стабилност било значајно за забрзување на динамиката на економскиот раст. Се очекува дека растот во наредните три години ќе изнесува околу три проценти во просек, движен од домашната потрошувачка и извозот, како и подобрите движења кај инвестициите. Притоа, се очекува раст на приватните инвестиции како резултат на подобрената политичка стабилност, како и забрзување на јавните капитални инвестиции. Ризиците кон растот се оценуваат како балансирани, со позитивен потенцијал од побрзото имплементирање на реформите што би ја подобрило бизнис климата и би резултирало со повисоки странски директни инвестиции. Од друга страна, негативните ризици се од екстерна природа, и произлегуваат од забавувањето на растот во Европа, како и од царините на САД за увозот на коли.

-При остварен понизок дефицит од очекуваниот во 2018 година, се очекува дека буџетскиот дефицит на општата Влада во 2019 година ќе биде во линија со проекцијата на Владата од три проценти од БДП, и потоа ќе опадне на околу 2,5 проценти од БДП во просек на среден рок. Извештајот ја оценува како позитивна неодамнешната пензиска реформа, а ги нотира и реформите во управувањето со јавните финансии, со особен фокус на транспарентноста, буџетирањето и мониторингот. Standard and Poor’s го оценува јавниот долг на Македонија како умерен во глобален контекст. После подолг период на раст во минатото, се оценува дека долгот постепено ќе се стабилизира, и ќе изнесува 48,7 проценти од БДП во 2021-2022 година (државниот долг и долгот на ЈПДП), соопшти Министерството за финансии.

„Стандард енд пурс“ наведува дека може да дојде до подобрување на рејтингот доколку навременото имплементирање на реформите ја зајакне институционалната поставеност и ги подобри економските изгледи. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијае враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, што би имало негативен ефект врз растот и странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина или вонбуџетски активности кои би ја довеле во прашање оддржливоста на јавниот долг.

Вести

Јакимовски префлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд во Скопје

Поранешнот градоначанк на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски предмалку е префрлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд. Во придружба на полицаец Јакимовски  пред новинарите извикна „ќе ги тепаме, не им се плашиме“, симболично покажувајќи […]

Вести

Јакимовски осомничен за бесправна легализација и откуп на земјиште

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ […]

Вести

За Јакимовски и уште две лица се бара притвор, а за шестмина мерки на претпазливост

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против поранешниот градоначалник на […]

Вести

Рускоска за МИА: Јакимовски осомничен за злоупотреба на службена положба и овластувања

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стефчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично пониска цена, за МИА изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска. Според неа, станува […]

Вести

Јакимовски изведен пред истражен судија

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски е приведен и изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Приведени се уште две лица, вработени во општина Карпош. Обвинението е […]

Вести

Приведен Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата „Гром“ Стевчо Јакимовски утрово е приведен и е изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство, кое […]

Интересно

(ВИДЕО) Холандскиот претставник најголем фаворит на Евровизија

До Песната за Евровизија остануваат 56 дена, па обложувањата за годинешната победничка песна, почнаа. Според обложувалниците, со 21 отсто шанси за победа, на прво место се наоѓа Холанѓанецот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Песната на […]

Интересно

Познат рокер повика на бојкот на Евровизија

Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат. Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник […]

1 Comment

  1. Хаха. Нато и ЕУ немаат ама ни нула % врска со економски раст, цени, стандард на живеење и сл. Доказ се Албанија, 11 години членка на НАТО, Грција скоро 60 години членка на НАТО и скоро 40 години на ЕУ. Хрватска со невидено бегање на народот од таму иако од туризам имаат прилив од скор 2 милијарди долари годишно (Македонија може да ги сања) Бугарија, со 30% помалку население од времето кога ги примија во НАТО и 12 години како се членки на ЕУ, (просечна пензија во Бугарија е 200 евра, што значи најниската е 200 лева). Да не верува човек колку тажни аматери има во Македонија што мислат дека НАТО и ЕУ се чаре за хаосот во којшто се наоѓа. Најинтересно е жалењето по фолксваген. Па зарем има некој што може на македонски суд да наплати долг?! – Парно се наплаќа од око,па и од тие што не го користат ИЧ… Мизерија со други зборови. Какво ЕУ,какво НАТО?

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*