ССК не очекува да се постигне раст од 3,5 проценти


Се што беше планирано за 2020 година ќе биде во фаза на застој поради предвремените парламентарни избори, оцени денеска претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска.

-Вчера Народната банка го проектира растот на 3,5 проценти, нешто што не знаеме колку е остварливо до крајот на годината, земајќи  предвид дека веќе е отпочната кампањата на политичките партии за предвремените парламентарни избори. Со најавата на изборите компаниите почнаа резервирано да гледаат на проектите кои ги имаа планирано за следната година, а и се што беше планирано за првите шест месеци од 2020 година ќе биде во фаза на застој поради фактот што ќе бидеме во очекување за формирање нова влада, изјави Арсовска во одговор на прашање пред доделувањето на наградите Топ 100 на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Таа нагласи дека не очекува да се постигне раст од 3,5 проценти и покрај оптимистичките прогнози на НБ за раст на БДП на земјава од 3,8 проценти во 2020 година.

-Сите проекти, а особено оние кои беа подолгорочни веќе се во застој. Треба да почекаме, но не верувам дека ќе има нешто позначајно до третиот квартал на 2020 година, рече Арсовска.

За последното зголемување на минималната плата рече дека не е добро.

-Се што е вештачки наментнато не е добро. Фирмите да биле доволно ликвидни и да имале доволно големи профити во моментот кога се соочуваме со недостиг на квалификувана работна сила самите ќе поделеа повисоки плати на вработените од моменталната минимална плата, рече Арсовска. 


Комисијата за заразни болести треба да одлучува за олабавување на мерките и отворање на економијата - МИА
Вести

Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19 во изминатите 24 часа

Скопје, 6 јуни 2020 () – Нови 125 случаи на новозаболени од КОВИД -19 регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Најголем број повторно се во Скопје -46 по што следуваат Куманово со 19, […]

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово - МИА
Вести

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово

Скопје, 6 јуни 2020 () – За граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино […]

Во шест градови во земјава нема повеќе активни случаи на Ковид-19 - МИА
Вести

Активни 1.009 случаи на заболени од Ковид-19, 90 отсто од новозаболените се од 15 фамилии

Скопје, 6 јуни 2020 () – Во земјава вчера беа потврдени 180 нови случаи на позитивни од Ковид-19, што е најголем број од почетокот на епидемијата досега, но министерот за здравство Венко Филипче информираше дека […]