Средба на Бесими со поранешните министри за финансии – нивното искуство и знаење придонес во конципирање на програмските цели на СЕФФ


 Поранешните министри за финансии, вчера во Министерството за финансии се состанаа со министерот за финансии Фaтмир Бесими во рамки на Скопје Економскиот Финансиски Форум. Цел на средбата, како што инфомираат од Министерството за финансии, е да се искористи нивното искуство и знаење при конципирање на програмските цели на СЕФФ.


 

-Целта на СЕФФ е да ги поттикне сите чинители да понудат решенија кои ќе бидат добар одговор на предизвиците со кои се соочуваме, но и на она што доаѓа по нив, а поранешните министри за финансии со нивното искуство значајно ќе придонесат за тоа. Платформата СЕФФ, која е замислена да функционира за дијалог на економски и финансиски теми, Министерството за финансии ја иницираше минатата година. Во рамки на СЕФФ на крајот на овој месец ќе се одржи втората Годишна конференција на тема „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“. Фокусот ќе биде на макроекономски предизвици во турбулентни времиња, отпорност, конкурентност и регионална соработка, енергија, зелена транзиција и инфраструктура,  и што по кризата: двигатели за одржлив раст, се вели во денешното соопштение од МФ.

Покрај истакнатиот нобеловец Пол Кругман, меѓу потврдените учесници на Конференцијата, се повеќе истакнати економисти, високи претставници на меѓународни финансиски институции, министри за финансии, гувернери…, кои ќе ги образложат своите гледишта и ќе дебатираат на една од осумте панел-дискусии на СЕФФ2022.