Специјална награда за Туристичко-угостителската комора на „Балкански награди на туристичката индустрија 2022 година“

03.12.2022, Софија – Претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Аркан Керим е добитник на Специјална награда за посебен придонес и достигнувања во работењето на полето на туризмот на Балканот на престижната манифестација „Балкански награди на туристичката индустрија 2022 година“ која се одржа вчеравечер во Софија. На доделувањето на наградите и признанијата на најуспешните туристички работници од регионот присуствуваа највисоки претставници на институции, хотелиери, туристички агенции и туристички менаџери од балканската туристичка индустрија. Осмото издание на годишните награди за балканската туристичка индустрија се одржува во балската сала на хотелот Премиер Софија.

„Добивањето на оваа специјална награда е голема чест за мене како претседател на ТУК но и признание за постигнатиот успех на комората која ја водам во изминатиот период. Верувам дека бизнисите, посебно туризмот може да бидат мост за соработка и приближување меѓу двете земји посебно во овие турбулентни времиња во односите помеѓу нашите две земји и затоа тајмингот на добивањето на наградата е одличен и испраќа позитивни сигнали за туристичките работници од двете соседни земји Бугарија и РС Македонија. Во изминатата година направивме промени во функционирање на комората кои се препознаени и признаени“, истакна Керим, кого организаторите на манифестацијата го препознаваат како еден од најголемите водечките авторитети во туризмот во регионот.

Керим е претседател на ТУК во втор мандат, а воедно е и сопственик на туристичката агенција „Генералтурист“ и на „Г Хотел“. За достигнувањата на ТУК, Керим изрази и посебна благодарност до потпретседателите на комората,  Управниот одбор како и целиот тим.

Туристичко-угостителската комора како самостоен правен субјект е формирана во 2008 година под капата на Сојузот на стопански комори, кој е најголема деловна мрежа во нашата држава, а чија мисија е постојано да ја зголемува конкурентноста на компаниите, да го унапредува македонското деловно опкружување и да овозможи побрз и полесен пристап на своите членки на глобалниот пазар.

ТУК се формираше заради потребата од поврзување на различните субјекти од секторот, кој е еден од двигателите на домашната економија и со најголем потенцијал за брз развој. Комората во изминатите 14 години се издигна како највлијателна комора кој навремено и таргетирано ги координираше и артикулираше потребите на компаниите од туристичкиот сектор. Активностите на Комората се насочени кон  развој и унапредување туристичкиот сектор, развој на нови трендови во угостителскиот сектор како и кон заштита на интересите на деловните субјекти од овој сектор.  ТУК го презентира туристичкото стопанство на сите светски етаблирани саеми, а во партнерски однос со институциите се залага сите членови да имаат пристап до ликвидни средства за раст на компаниите и за проширување на делокругот на активности. Туристичко-угостителската комора е организирана во пет посебни сектори угостителство, транспорт, туристички агенции, хотелиерство и обука на кадри за туризмот, а се воспоставија и регионални претставници во повеќе градови од државата за да има рамномерен пристап и според дејности и територија.

Минатата година земјава беше на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи, меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Херцеговина. Оваа година во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 37 %, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 4.3 %, а кај странските зголемувањето е за 88.2 %, што се одлични резултати и се мотив да се работи повеќе во наредниот период.

Со почит,

Сојуз на стопански комори на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn