Советот на странски инвеститори и стопанската комора на Македонија организираат пикник во градскиот парк во Скопје


Претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, м-р Штефан Петер, на прес-конференцијата одржана на 5.6.2019 година, го најави четвртото издание на  јавниот хепенинг, т.н. „Светски пикник“, кој ќе биде отворен за сите посетители.

-Еден од препознатливите настани на Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, кој веќе станува традиционална манифестација од хуманитарен тип, е и „Светскиот пикник“. Како интересна идеја, произлезена токму од самите компании, „Светскиот пикник“ претставува своевиден спој на забавни и општествено корисни содржини преку кои се запознаваме со странските инвеститори во земјата на неформален начин. По големиот успех од минатогодишните изданија на „Светскиот пикник“, продолжуваме да ја одржуваме идејата за промовирање на позитивните ефекти на странските инвеститори врз националната економија по пат на неформално дружење и претставување на културата на земјите од каде што потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни, како и другите културни обележја. Во суштина, најдобриот начин да се запознаат странските инвеститори е преку нивната традиционална храна, – истакна Петер.

Оваа година „Светскиот пикник“ ќе се организира по четврти пат, на 9 јуни во Градскиот парк, зад споменикот на Гоце Делчев, со почеток во 12:00 часот, каде што граѓаните ќе имаат можност да ја вкусат традиционалната храна на дванаесетина земји од каде што доаѓаат странските инвеститори во земјава. Средствата собрани од организацијата на овој настан ќе се искористат за хуманитарни цели, односно оваа година ќе бидат донирани на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Битола.

На таков начин, придобивките за заедницата се повеќестрани и се состојат во приближување на странските инвеститори до граѓаните со нивната култура и традиција преку традиционалната храна на еден неформален начин, во релаксирана атмосфера, со музика, забава и анимирање на разни интересни групи на посетители, вклучувајќи ги и најмладите, претставниците од компаниите, медиумите и воопшто граѓаните, но исто така многу позначајна придобивка е хуманитарната димензија на овој настан, што ја покажува цврстата определба на странските инвеститори да бидат пример за општествено одговорно и грижливо работење, потенцира Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори.

Влатко Стојановски

извор mchamber.mk

Вести

Поради замена на потрошен дел невалидни податоците за квалитетот на воздухот од станицата во Гази Баба

Податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Гази Баба во текот на изминатите пет часа се невалидни поради замена на потрошен дел, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. -Министерството […]

Вести

O2 Иницијатива: 6 тони вода со елементи на опасна хемикалија, метил акрилат мономер, се излеале денес во ОХИС

☣️ 6 тони вода со елементи на опасна хемикалија, метил акрилат мономер, се излеале денес во ОХИС. Од Институтот за хемија тврдат дека метил акрилат мономер кој истекол, бил токсичен. Со анализи надвор од земјава […]

Вести

Криворучко: Првиот „Су-57“ е подготвен за испорака на руските воздухопловни сили

Првиот сериски произведен борбен авион од петата генерација „Су-57“ е подготвен за испорака на руските воено-воздухопловни сили, изјави денеска заменик министерот за одбрана на Руската Федерација, Алексеј Криворучко. -Што се однесува на програмата за создавање […]