Совети од успешен инвеститор: Ова го разликува победникот од останатите во групата


Една лекција што сака да ја пренесе славниот инвеститор и милијардер, извршниот директор на компанијата „Беркшир Хатавеј“, Бафет, е важноста за развивање на добри лични квалитети кај младите.


 

Воспоставувањето добри навики, како што се „молам“ и „благодарам“ – се клучот за успехот, според Бафет. Високото ниво на интелигенција нема да ве истакне, рекол Бафет на оваа тема во разговор со студенти на МБА од Универзитетот во Флорида во 1998 година.

Легендарниот инвеститор го започнал својот говор со мала игра: „За момент, помисли дека ти дадов право – да можеш да купиш 10 проценти од заработката на еден твој колега до крајот на животот“. Одлуката треба да се заснова на заслуги, според Бафет, па затоа би било паметно да се избере личност со највисоко ниво на интелигенција (IQ), најбогати родители или најенергична.

„Нема ништо лошо во добивањето на највисоки оценки на часот, но тоа не е квалитетот што го издвојува победникот од остатокот од чопорот. Во овој случај, веројатно би избрале личност која има лидерски квалитети, која е во состојба да ги наведе другите да ги остваруваат своите интереси. Тоа би била личност која е дарежлива, искрена и им дава заслуги на другите луѓе за нивните сопствени идеи“, рекол Бафет.

И сега доаѓа важната работа. Покрај таа личност, Бафет им рекол на студентите дека треба да изберат друг од соучениците и да го продадат брзо (да се ослободат од него) за 10 проценти од неговата заработка.

„Вие не би ја одбрале личноста со најнизок коефициент на интелегенција“, рекол тој. „Би помислиле на личност која ве одбила, личност која е себична, алчна, која е малку неискрена.

Ако видите некои од овие карактеристики во себе, мора да се ослободите од нив.

„Ако имате добри квалитети и ги направите вообичаена навика, вие ќе бидете оној од кого сакате да купите 10 проценти“, објаснил тој. „Убавината на ова е што веќе поседувате 100 проценти од себе и сте заглавени со себе си“.

Бафет рекол дека ги гледа луѓето „самоуништувачки обрасци на однесување“ кои што се заробени од нив. Во суштина, интегритетот, искреноста, доблеста и моралот – можат да ве создадат или да ве уништат во професионалниот свет. Ако изберете да не ви бидат приоритет, ризикувате да имате лоша репутација.

„Ако сакате да бидете успешна личност, која секој сака да ја вработи, мора да изградите навики за интегритет. Постојат неколку начини да го направите ова:

  • Исполни ги своите ветувања;
  • Биди искрен;

    Биди сигурен;

  • Дај признание за заслуженото;
  • Биди свесен;
  • Изрази понизност;
  • Биди подготвен да признаеш кога не си во право;
  • Биди стрплив.

Интелигенцијата и амбициозноста се вредни одлики, но ако ви недостасува интегритет, нема да се издвојувате од другите – ниту ќе бидете вработени, според Бафет.