Сметководителите ќе информираат за состојбата во која се наоѓаат поради кратките рокови за финансиските извештаи


Комората на сметководители денеска ќе информира за состојбата во која се наоѓаат сметководителите поради кратките рокови за поднесување на финансиските извештаи и завршните сметки и ќе ги презентира проблемите што може да произлезат од операционализацијата на петтиот пакет економски мерки.



Сметководителите во неколку наврати досега бараа пролонгирање на роковите за поднесување на финансиските извештаи и завршните сметки согласно можностите што ги дава Законот за трговски друштва.

На прес-конференцијата најавено е обраќање на претседателот и на потпретседателката на Комората, Драган Митковски и Ана Тасевска.