СКСЗМ: Над 4.000 компании згаснаа само во првите шест месеци од 2020-та, ликвидноста да биде клучна за петтиот пакет мерки


– Петтиот пакет антикризни мерки да се насочи кон ликвидноста на фирмите за да опстанат по корона пандемијата, да се отворат делумно затворените сектори како туризмот и да се донесат протоколи според СЗО за нивно непречено работење, субвенциите на плати од 14.500 денари да продолжат најмлаку до март 2021, да се зголеми фондот на Развојната банка за кредити со ниски камати, увозот на суровини да биде со нула отсто акциза, да се предвидат финансиски средства за компании кои вложуваат во дигитализација, да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените комапнии и да се поништат сите одлуки за мораториум на деталните урбанаистички планови во општините со кои се спречуваат градежните инвестиции вредни над 500 милиони евра.



Ова се барањата за економско заздравување што Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска ќе ги достави до Владата, откако претходно, на прес-конференција, ги соопшти пред медиумите.

Според СКСЗМ, за да се врати економијата на нормална траекторијата Владата треба да се фоскуира, пред се, на вакцинацијата против КОВИД-19, но и на реализирање на капиталните расходи од минимум 85 отсто.

Како што истакна претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа, 2020 година ја заокруживме со рецесија од минус четири отсто што е најголем економски пад во земјава од нејзиното постоење. Над 4.000 компании згаснаа само во првите шест месеци, повеќето микро и мали, а околу 40.000 работни места се изгубени. Сега, пак, се соочуваме и со намален квалитет на живот поради поскапаувањето и зголемувањето на потрошувачката кошница која достигна 550 евра.

Има многу причини кои ја предизвикаа рецесијата, но најважни се, оцени Хоџа, ниската реализација на буџетските капитални расходи, намалувањето од 7,9 отсто на производствената индустрија, падот на крајната потроушвачка, намалувањето на извозот за 29,4 отсто и намалувањето на инвестициите на приваниот сектор.

Сепак, потенцира, ликвидноста на компаниите е најважна, поради што, петиот пакет треба да биде насочен во овој правец, посебно за помош на микро и малите компании кои се најпогодени од кризата.