Сите сервиси на веб страницата на Катастарот во функција по добивање на безбедносните лиценци

Дел од услугите на веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) по минатомесечниот кибер напад на дел од аликативната катастарска инфраструктура се делумно  возможни поради активности за зголемување на безбедноста на ИТ системите, но функционира она што е важно за граѓаните и приофесионалните кориснции, тврди директорот на АКН Борис Тунџев.

Тој денеска на средба со новинари рече дека од сервисите на веб страната на АКН кои се однесуваат за потребите на граѓаните се функционални диструбутивниот портал One Stop Shop, како и Е-кат шалтерот за професионалните корисници.

Дел од системите во однос на апликаците кои беа предмет на неовластен пристап, како што вели, постепено ги ставаат во функција. Најавува дека сите сервиси ќе бидат во функција во тек на следниот месец кога очекуваат да ги добијат потребните безбедносни лиценци како дел од активностите за обновување на хардверската инфраструктура. 

-Базните сервери во оваа институција не се обновени од 2012 година. Во изминатите години работиме на обновување на хардверската инфраструктура и од овие причини заради безбдносните лиценци дел од сервисите не се овозможени, но очекуваме во тек на декември да ги добиеме сите потребни лиценци и да бидат активни сите сервиси што беа претходно во фунцкија. Направивме приоритети кои системи треба првично треба да бидат ставени во функција, рече Тунџев, истакнувајќи дека по нападот се преземени сите потребни безбедносни мерки, а личните податоци на сите корисници се заштитени.

Од АКН претходно во соопштение информираа дека на 22 октомври во 08.20 часот  ИТ Секторот на оваа институција детектирал компјутерски напад во нивниот надворешен систем и нејзините  јавни сервиси.  По пријавувањето на проблемот до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT при Агенцијата за електронски комуникации и Секторот за компјутерски криминал во МВР, Секторот за информатички технологии во АКН, на  26 октомври ги врати во нормално функционирање системите, наведоа тогаш од Катастарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn