„Шкода“ ќе гради фабрика во Бугарија или Турција


Чешката автомобилска индустрија „Шкода“ ќе изгради фабрика во Бугарија или Турција за производство на автомобили од нејзиниот бренд и на модели на „Фолксваген“, соопшти првиот човек на синдикатот на компанијата Јарослав Повшик.

– Двете земји имаат доста предности. Турција има посолидна инфраструктура, но Бугарија е политички постабилна и е членка на Европската Унија, изјави Повшик за Радио Прага.

Повшик нагласи дека синдикатот ќе бара одговор од раководството на „Шкода“ дали отворањето на новата фабрика во странство ќе влијание врз бројот на вработените во погоните на компанијата во Чешка и врз нејзините бизнис планови.

За отворањето на погонот на „Шкода“, која е дел од групацијата „Фолксваген“, интерес пројавија повеќе земји во Источна Европа, но како што објавија неколку германски весници минатата недела, во најтесниот круг за изборот останале Бугарија и Турција.

Конечната одлука за местото на кое ќе ја гради новата фабрика во вредност од 1,3 милијарди евра, „Шкода“ треба да ја донесе кон средината на јули.

Вести

Потешко повредената патничка во сообраќајката во Србија останува во болница, останатите пуштени дома пуштени

Сите патници од сообраќајната несреќа што се случи утринава на патот Блаце – Белољин во Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел од патот, а беа згрижени во болницата во Прокупље се […]

Балкан

Рајанер“ ги укинува летовите кон градовите од поранешна СФРЈ

Нискобуџетниот авиопревозник „Рајанер“ ќе ги прекине своите редовни летови од аеродромот во Стокхолм кон Бања Лука, Ниш и Подгорица поради затворање на своите бази. Исто така, компанијата ги укинува и сезонските летови до Риека. Меѓутоа […]

Вести

Најтешко повредената патничка од сообраќајката во Србија префрлена во Ниш

Од 26-те повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава на патот Блаце – Белољин во Република Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник, во […]