Shell се шири во регионот


Купување компанија во Хрватска, отворање компании во сите земји во регионот, со присуство во Србија и најава за Северна Македонија. Ова е дел од стратегијата на Корал, компанија која работи под закрила на Шел. Корал со моменталните 700 бензински станици е лидер во Грција.


 

Успехот на компанијата во Грција, доведе до добивање лиценца за брендот Шел во Кипар, Србија, Хрватска и Северна Македонија. Корал е лидер во големопродажбата, малопродажбата и во широката понуда производи за купувачи во индустријата, превозниците и трговијата.

Матичната компанија на Корал, Мотороил пак, ги има трите главни бренда во нафтената индустрија во оваа земја: Shell, Avin и Cyclon. Со тоа зад себе има 1400 бензински станици.

Големи шпекулации околу влегувањето на Шел се слушаа изминатите години, посебно поврзани со нашата земја. Веста за купување на компанија во Хрватска ја покажа сериозноста на Корал за влез во регионот. Минатиот месец Корал купи 75% од акциите од хрватската компанијата АПИОС и стана сопственик на 26 бензински станици во Хрватска. Со ова само се покажа дека регионот е од интерес за овој светски бренд, кој за сега е видлив само во Србија со пет бензински станици.

Целиот текст прочитајте го на faktor.mk