Семос Едукација на својата 25-годишнина присутен во над 20 земји во светот


– Првиот и водечки  центар за обуки од областа на информатичките технологии во земјава, Семос Едукација одбележува 25 години од своето постоење. Откако во првите години се посвети на воспоставување на стандардите и трендовите во IT индустријата во нашата земја и во регионот, компанијата низ годините прерасна во респектиран субјект во светски рамки и вистински промотор на земјата во областа на интернационалната IT едукација.  Обуките во Семос Едукација досега ги следеле над 100.000 учесници од над 20 земји од Европа и светот. Семос Едукација е партнер на најголемите светски компании од ИТ индустријата со сертифицирани програми за обука.

“Горди сме на фактот што Семос Едукација во изминатите 25 години се етаблираше како сериозен чинител во општеството помагајќи им на 100.000 лица во креирање и усовршување на своите дигитални вештини и кариери. Во нашата држава бевме први кои започнавме со долготрајна едукација преку академии и кои воведовме стандарди за професионална IT едукација преку партнерства со најпознатите IT компании од светот. Двигател сме на новини и континуирано промовираме обуки кои ќе придонесат во напредок на целокупното општество“, истакна  Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација и додаде: „Само во изминатите неколку години ги претставивме и воведовме како нови професии: софтвер тестер и cloud инженер, а го трасираме патот и за нови, преку обуките за AI (вештачка интелигенција) и VR (виртуелна реалност). Но, сето тоа не би било можно без нашиот високообразован и искусен тим на професионални обучувачи и тренери преку кои гордо носиме знаење во цела Европа и пошироко. Всушност тие се највредниот капитал на Семос Едукација“.

Семос Едукација секоја година доделува стипендии за млади и талентирани поединци, со цел да го поддржи нивното напредување во кариерата. Овие стипендии се доделуваат за Семос Едукација Академиите, како и за официјалните обуки на Microsoft, Cisco, Oracle, EC-Council, Adobe, Autodesk и др. Компанијата учествува во бројни проекти за општествено одговорни практики. Овие проекти секоја година се спроведуваат од страна на Академијата за графички дизајн, која е единствена институција за пост-средно образование во нашата држава, сертифицирана од страна на Министерството за образование и наука.

На учесниците на обуките на располагање им е и Менторска програма, во рамките на која тие работат под раководство на професионалци од дел од најдобрите компании во регионот.  Некои од нив овозможуваат пракса или вработување за најдобрите од учесниците на програмата. Исто така, по завршување на обуката, на сите учесници им е обезбеден пристап до Кариерниот Ценар на Семос Едукација кој е мост помеѓу нив и нивните идни работодавци.

Семос Едукација е еден од основачите на LLPA – Меѓународна асоцијација на водечки тренинг центри во која членуваат најдобрите 33 центри за обука од светот, секој од нив водечки во својата земја. Пред две години, во ноември 2018, Семос Едукација отвори свој тренинг центар во Белград, Србија.


Вести

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

– Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се […]

Вести

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата

– И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска. По […]

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*