Се затвораат дуќани, занаетчиите бараат поддршката да продолжи


Се затвораат дуќани, занаетчиите бараат поддршката да продолжи - МИА

Куманово, 31 јули 2020 () – Занаетчиите бараат да продолжи поддршката од државата за исплата на минималната плата и субвенции за придонеси додека трае кризата. Според претседателот на Занаетчиската комора и Регионалната занаетчиска комора на Куманово, Агро Фазлии, за десет дена се затворени десет дуќани, претежно фризери.

– Во моментов, би го споредил занаетчиството како пациент болен од КОВИД-19, ставен на респираторна машина. Ако престанат мерките на Владата, занаетчиите ќе ги снема, ќе престанат со работа. Затоа ние побаравме и од оваа и од идната влада што ќе дојде да ги земе предвид нашите барања и да не престане со помош на занаетчиите. Тоа значи дека бараме минимална плата и 100 проценти субвенции додека трае кризата, а наше мислење е дека кризата нема брзо да престане. Доаѓаат септември, октомври, ризични месеци така што бараме до март 2021 година да не престане поддршката, изјави Фазлии.

Во овој период, оцени, криза трпат занаетчиите кои се поврзани со организација на свадби и други веселби, како што се фризери, козметичари, фотографи, кројачи кои речиси и не остваруваат приходи.

На ниво на државата има шест илјади самостојни занаетчии, но со новиот закон се опфатени сите фирми што вршат занаетчиска дејност, приближно околу 20.000. Во Куманово има 600 занаетчии, невклучувајќи ги фирмите.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*