Се подготвува документација за технички прием на автопатот Миладиновци-Штип

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта денеска изјави дека е завршен автопатот Миладиновци-Штип и оти очекува да биде пуштен до крајот на месецов по техничкиот прием за што се подготвува документацијата.

– Автопатот Миладиновци-Штип е завршен. Се подготвува техничката документација за техничкиот прием. Тоа е во делот на надзорот каде што ние не сме моќни. Поради снежните врнежи можеби деновиве некои контроли што треба да ги прават малку ќе бидат оневозможени, но очекувам крајот на месецов автопатот да биде пуштен, изјави Китанов, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за изградбата на автопатот Скопје-Блаце.

Изградбата на автопатот во должина од 47 километри почна во мај 2014 година. Дел од автопатот, на потегот од Штип до клучката Кадрифаково, веќе се користи со привремен режим на сообраќање на возилата.

Инвестицијата во изградбата на овој автопат изнесува 206 милиони евра, обезбедени од кредит од кинеската Ексим банка и буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Со изведувачот на работите, кинеската компанија „Синохидро“, беа склучени два анакса на Договорот за изградба, со кои во два наврата се продолжуваше рокот за пуштање во употреба..


Вести

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била […]

Вести

Анкета: Граѓаните поделени околу општиот впечаток за работата на Владата

Повеќе од половина од граѓаните или 51,3 проценти не ја одобруваат работата на Владата, наспроти 43,8 проценти кои ја одобруваат работата, покажува истражувањето за ставовите и довербата на граѓаните за работата на Владата на Агенцијата за […]

Вести

Заев го повлече предлогот да раководи со Министерството за финансии, ќе ја врши функцијата до изборот на нов министер

Премиерот Зоран Заев на денешната 103. седница на Собранието, на која се расправа по реконструкцијата на Владата, го повлече предлогот во исто време да биде и министер за финансии. Заев појасни дека согласно овлатувастувањата со […]