Samsung официјално го претстави најбрзиот закривен гејминг монитор во светот: Odyssey G9


Првиот Dual QHD гејминг монитор на светот, кој е NVIDIA G-SYNC компатибилен и има закривување од 1000R

– Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd., светски лидер на пазарот за гејминг монитори*, денеска го најави глобалното претставување на Odyssey G9 гејминг мониторот на новата генерација. G9 беше претставен на саемот CES 2020 и се приклучува на неодамна лансираниот модел G7, кој целосно го трансформира гејминг искуството со поврзување на елементите како што се: закривување на екранот за пријатно гледање, иновативни можности за интеракција и совршен квалитет на сликата.

Премиум перформансите на Odyssey серијата се потврдени од страна на TÜV Rheinland, водечка меѓународна организација за сертификација на технолошки производи, која ги оцени мониторите Odyssey како најдобри гејминг монитори со закривеност од 1000R во индустријата, доделувајќи им Eye Comfort сертификат, за гејминг искуство кое е „најпријатно за човечкото око“. Ова е исто така првиот монитор со сертифицирана HDR10+ поддршка, која му овозможува игрите и другите содржини да ги прикаже во највисок квалитет со помош на технологијата Quantum dot и HDR1000 панелите.

Исто така, иновативниот дизајн на Odyssey G9 на саемот CES 2020 ја освои наградата за иновативност во категоријата компјутерски додатоци и аксесоари.

„По неодамнешното објавување на Odyssey G7 закривениот гејминг монитор, G9 сега се приклучува на серијата како прв dual QHD монитор со искривување од 1000R, зацврстувајќи ја позицијата на компанијата Samsung како лидер на пазарот, воведувајќи иновации со досега невидена брзина”, рече Hyesung Ha, виш потпретседател на одделението за визуелни дисплеи на компанијата Samsung Electronics. Тој додаде дека „Samsung Odyssey G9 закривениот монитор го подигнува гејминг искуството на повисоко ниво, давајќи им на гејмерите предност во однос на конкуренцијата”.

Гејмерите сега можат да доживеат исклучителна респонзивност на командите, со најдобриот Samsung гејминг екран досега. G9, со своите 49 инчи е првиот Dual Quad High-Definition (DQHD; 5120×1440 резолуција) гејминг монитор со закривеност од 1000R. Odyssey G9 овозможува моќна комбинација на технички перформанси, вклучувајќи и време на реакција од 1ms, со стапка на освежување на екранот од 240Hz и кристално јасна QLED слика за QHD гејмниг. Самото играчко искуство на овој монитор е квалитативно навистина унапредено со помош на NVIDIA G-SYNC® Compatibility и Adaptive Sync опцијата.

Дополнително, G9 доаѓа со футуристички дизајн и преливачки бел надворешен дел на куќиштето. Во себе содржи Infinity Core Lighting осветлување со 52 различни бои и пет светлосни ефекти кои можат да бидат активни во текот на играњето.

Samsung G9 ќе биде достапен од јуни. За повеќе информации посетете ја https://displaysolutions.samsung.com/monitor/odyssey.

*Извор: IDC Worldwide Quarterly Gaming Tracker, 2019 Q4 data


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*