Samsung го претставува Odyssey G7 гејминг монитор со најзакривениот екран досега и со најдобри перформанси во класата


   Предводникот на светскиот пазар на гејминг монитори[1], компанијата Samsung Electronics Co., Ltd., на глобално ниво го претстави иновативниот Odyssey G7 гејминг монитор. Овој уред првпат беше откриен на CES 2020 во Лас Вегас и претставува автентичен чекор напред во областа на полето на гејмингот, комбинирајќи го најзакривениот екран досега со најдобрите перформанси во класата.

Odyssey G7 е првиот 1000R монитор во светот, што значи дека има радиус на искривување од 1000 милиметри. Доаѓа со комбинација на моќни перформанси, како што е одзив од 1ms, стапка на освежување на екранот од 240Hz и кристално чиста QLED слика, која ќе им овозможи на гејмерите незаборавно искуство.

Перформансите на овие монитори е потврдена од TÜV Rheinland, водечката светска организација за сертификација на уреди, која ги препозна како најдобрите 1000R закривени гејминг монитори во индустријата, доделувајќи им ги сертификатот Eye Comfort, за гејминг искуство кое е „најзадоволително за човечкото око“.

„Како глобален лидер на пазарот за гејминг монитори, Samsung продолжува да претставува иновативни уреди кои обезбедуваат гејминг искуство за новите генерации, поместувајќи ги границите на возможното“, изјави Hyesung Ha, виш потпретседател на одделението за визуелните дисплеи во компанијата Samsung Electronics. „Odyssey G7 е врвна комбинација на комфор, проширена перспектива, врвни перформанси и пријатно визуелно искуство.“

Моделите од 27 и 32-инчи ги карактеризира Wide Quad-High Definition резолуција (WQHD; 2.560 х 1.440), сооднос на слика 16:9, светлина на екранот од 600 cd/m2 и Quantum dot технологија за исклучително прецизен приказ на боите, без оглед на осветлувањето.

Samsung на овој модел примени футуристички дизајн заснован на темелно истражување на пазарот и коментарите на корисниците. Мат-црниот надворешен дел на куќиштето е поврзан со задниот дел во кој се вградени светла и чија боја може да се промени според желбите на играчот.

G7 поддржува NVIDIA G-SYNC®, како и Adaptive Sync технологии за прикажување, кои се задолжени да им овозможат на играчите исклучително динамично и непречено искуство во текот на играта.

Samsung Odyssey мониторите ќе бидат достапни низ целиот свет во текот на јуни. За повеќе информации, посетете ја https://displaysolutions.samsung.com/monitor/odyssey.

[1] Извор: IDC Worldwide Quarterly Gaming Tracker, 2019 Q4 data


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]

Имунолошкиот пасош за патување засега само размислување, има многу отворени прашања - МИА
Вести

Влезот на македонски државјани во Грција забранет на сите гранични премини

Атина, 1 јули 2020 () – Околу 10 до 15 автомобили од Северна Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во […]

ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица за предвреме почната изборна кампања - МИА
Вести

Право на глас на парламентарните избори на 15 јули ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи

Скопје, 1 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 […]