Сакате да најмите инфлуенсери за вашиот бизнис? При изборот, внимавајте и на публиката!


Следниот текст е извадок од „Winfluence“ на дигиталниот стратег, маркетинг специјалист и говорник, Џејсон Фаулс: Преобразување на инфлуенсерскиот маркетинг за да го стартува вашиот бренд. Тој вели дека вистински влијателните луѓе почнуваат да дејстуваат кога ќе ги проучат петте клучни „чкорчиња“ на публикаta. Но, кои се тие?


 

Амплитуда на публиката

Со оглед на вашите деловни цели, дали вашата публика треба да биде голема? Ако сакате 50 милиони луѓе да го видат името на вашиот бренд до понеделник, направете реклама за Супер Боул и надевајте се дека оваа недела ќе биде големата игра. Но, ако сакате да ги убедите законодавците да го поддржат вашиот став во однос на законите за лотарија и казина, немате потреба да вклучите инфлуенсер со два милиони следбеници. Потребна ви е само влијателна личност која што ја следат со десетина државни функционери и политичари.

Бројот на публиката

Размислете за ова географски. Доколку треба да влијаете врз вработените во вашата компанија, инфлуенсерот со 250.000 следбеници веројатно не е вашиот најдобар избор, дури и ако објавува содржина што е интересна за вашите вработени. Доколку инфлуенсерот влијае на различна географска локација од вашата фирма, немате многу корист од неговото влијание врз вашите вработени.

Талентот на публиката

Ова не се однесува толку многу на интелигенцијата на публиката, туку повеќе на комплексноста на она што се обидувате да ја убедите да го направи или да го знае. Ако сакате да и’ помогнете на вашата публика да го разбере процесот на прочистување на водата, ќе треба да инфлуенсери кои можат да градат наставни и едукативни содржини. Ако се обидувате да ги убедите луѓето да купат висококвалитетен кујнски апарат што е 50% поскап од цената на  конкуренцијата, вашите инфлуенсери ќе треба да знаат да се вложат и да објаснат зошто вашиот кујнски апарат е подобар. Некој што само објавува фотографии од прекрасни дизајни на кујни, нема да ви помогне толку колку што би сакале.

Однесувањето на публиката

Дали ве сакаат луѓето на кои сакате да влијаете? Дали ве мразат? Дали тие навистина ве познаваат? Нивниот став кон вас може драстично да биде променет од инфлуенсерот што ќе го најмите. Ако ве мразат, површен инфлуенсер и без сериозен пристап кон животот, нема да биде од корист за брендот. Потребни ви се инфлуенсери со длабоко ниво на доверба од нивната публика кои се подготвени да работат на промена на ставовите со вас.

Навиките на публиката

На кој начин функционира вашата публика? Кои канали ги посетува и кој е нејзиниот интерес? Ако се обидувате да достигнете ИТ професионалци кои управуваат со сервери за податоци, вашите инфлуенсери ќе треба да бидат присутни и да влијаат на блоговите, на YouTube, на форумите за ИТ итн. Ако се обидувате да контактирате со потрошувачи на скоро било што во Јапонија, Twitter и Line се далеку поважни за инфлуенсерите отколку, на пример, Facebook. Јапонските потрошувачи културолошки помалку се ангажираат нивниот вистински идентитет е врзан за профилот, а правилата на Facebook се однесуваат на тоа секоја личност да има еден профил под нивното вистинско име. Twitter ви овозможува да се претставувате како што сакате.