РКЕ: Со одлуката за густини и маржи на нафтените деривати се штитат и интересите на потрошувачите


– Со одлуката за густини и маржи на нафтените деривати објавена во Службен весник на 22 месецов се отсликува реалната состојба на пазарот на нафтени деривати и овозможува цените на нафтените деривати да ги штитат и интересите на потрошувачите и интересите на трговците, порачува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

-Доколку РКЕ постапеше по барањата на трговците за зголемување на маржата, тоа во пракса ќе значеше и зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во износ од над два денара по литар. РКЕ одлучи да ја задржи постојната трговска маржа со цел да ги заштити интересите на крајните потрошувачи, а особено земајќи ја во предвид економската криза поради пандемијата од Ковид 19, информираат од РКЕ.

РКЕ, додаваат, во целост ги отфрла навредите и квалификациите на компанијата Макпетрол за членовите на РКЕ и ги толкува како емотивна и неаргументирана реакција во отсуство на реално образложение на барањето на компанијата за зголемување на маржата.

-РКЕ и понатаму ќе ја следи состојбата на пазарот со нафтени деривати и ако е потребно ќе преземе соодветни чекори согласно своите надлежности со единствена цел да ги заштити интересите и на потрошувачите и на трговците. Либерализацијата на пазарот на нафтени деривати не е во надлежност на РКЕ. Либерализираните пазари во соседните земји имаат повисоки цени на нафтените деривати во износи од над 20 проценти од цените во Република Северна Македонија. Ако сега во услови на монополска позиција на пазарот со нафтени деривати, во Македонија се случи либерализација на овој пазар тоа ќе значи ценовен шок за сите потрошувачи и удар на економијата, потенцираат од Регулаторната комисија за енергетика.


Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Вести

Околу 300 војници и 150 полицајци ќе ги обезбедуваат здравствените објекти

– Околу 300 припадници на Армијата за време на прогласената кризна состојба ќе бидат ангажирани во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство. Припадниците на Армијата нема да бидат […]

Вести

Активни 20711 случаи на Ковид-19, во болниците има уште слободни кревети

– Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*