Редарска служба во трговските центри, ознаки за движење и дезинфекцијаи 200 дена по престанок на вонредната состојба


Редарска служба во трговските центри, ознаки за движење и дезинфекцијаи 200 дена по престанок на вонредната состојба - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – Уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба се применуваат мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, се дел од мерките предвидени во измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба, која денеска ја усвои Владата.



Согласно Уредбата треба да се постават соодветни ознаки со кои ќе се обележи правецот на движење, како и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот.

Пазарувањето треба да биде најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни. На површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

Трговецот треба да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време. ир/


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]