РЕБРЕНДИРАЊЕ НА СИТЕ НИВОА


Нов слоган, модернизирано лого, нов корпоративен спот, нова веб-страница и обновени и дигитализирани филијали се новитетите со кои деновиве Комерцијална банка се појавува пред своите клиенти.


 

„Промените се неминовен дел од постоењето“, велат од Банката „и токму затоа го направивме овој чекор. Од една страна, да покажеме дека работиме во духот на времето во кое постоиме, а од друга, да ја објавиме и нашата порака дека како единствена и најголема домашна банка која потекнува и работи тука, можеме лесно да ги препознаваме и вреднуваме културните специфики на нашите луѓе, според кои и се обликуваме. Затоа лесно можеме да им излеземе во пресрет на сите нивни потреби и проекти“..

Оттаму, не е ни чудо што за свој слоган го создале ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО, како уште една потврда на старата вистина дека секој проблем станува помал кога ќе се сподели. Уште поубаво кога тоа ќе се направи меѓу пријатели и луѓе што имаат разбирање едни за други.