Реакција на ССМ на ставовите на работодавачите од денешната панел дискусија за недела неработен ден


ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА

Скопје, 8 март 2021


 

Да си правиш дебата дали требало или не да се работи во недела и да дебатираш сам со себе без да ги слушнеш работниците односно оние кои ти работат во недела е = на робовладетелско општество на кое се навикнати македонските работодавачи.

Ги прашуваме дали на дебатата станало збор дека за работа во недела само за додатокот кој треба да го платат на работниците, а не го плаќаат, им остануваат 7 милиони евра за само една работна недела и 3 милиони евра за придонеси од задолжително социјално осигурување кои требало да ги платат на Државата.

На каков начин ги мотивирале до сега работниците да им работат во недела и со својот труд да им го ствараат капиталот?

Се прашуваме дали поранешниот Директор на технолошко индустриските развојни зони ( ТИРЗ) при привлекување на странските инвеститори, на истите им нудел робови или работници во Македонија, за кои очигледно се борел да  немораат да бидат ниту одморени ниту платени за својата работа, а поради тоа и таму е забрането да се формираат синдикати и работниците да се организираат за заштита на нивните работнички права.

 

Сојуз на синдикати на Македонија