Раст од 3,1 процент на извозот, пад од 10,7 проценти на увозот во првите четири месеци од годинава

kamioni-uvoz-izvoz
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – април 2023 година изнесува 3 005 376 000 долари и бележи пораст од 3,1 процент во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 899 163 000 долари, што е за 10,7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 893 786 000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари − април годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK