Пушачите се свесни за ризикот од цигарите, но продолжуваат да пушат – како да им се помогне?


Во моментов има повеќе од една милијарда пушачи во светот и се очекува овој тренд да се задржи најмалку до 2025-та година. Благодарение на интензивните кампањи за едукација за бенефитите од здравиот начин на живот кои беа актуелни во 90-тите речиси не постои пушач кој не е свесен за ризиците, но сепак не се откажува. Како да им се обезбеди подобра алтернатива на возрасните пушачи кои продолжуваат да пушат?

Сѐ поактуелни се производите кои се помалку штетни, но се релативно нови на пазарот, меѓу кои е и иновативниот производ IQOS (Ајкос) на Филип Морис кој е единствен од ваков тип кој има дозвола за продажба од Управата за храна и лекови на САД (ФДА).  Од минатиот месец овој уред е во продажба и кај нас.

Досегашните истражувања покажуваат дека овие уреди ја намалуваат изложеноста на штетните материи од цигарите кои предизвикуваат болести поврзани со пушењето до 95%. Овој научно потврден податок произлегува како од истражувањата на Филип Морис, така и од државни извештаи од неколку земји (САД, Ирска, Германија, Јужна Кореjа) како и преку 25 независни истражувања, во кои стои дека “IQOS (Ајкос) уредите произведуваат значително помалку штетни материи од обичните цигари“. Овие податоци беа презентирани на последната онлајн панел дискусија посветена на намалување на ризикот од тутун презентирани од страна на д-р Жизел Бејкер, Директор за научна соработка во ФМИ.

Покрај д-р Бејкер на панел дискусијата учествуваа и д-р Реувен Зимлихман, директор на кардиоваскуларниот истражувачки оддел при Факултетот за медицина во Тел Авив и д-р Петер Харпер, поранешен претседател на онколошкиот оддел во болницата „Св. Томас“ – Лондон, денес консултант за намалување на ризик во ФМИ. Овие научници во излагањата ги презентираа заклучоците за производите со намален ризик, меѓу кои се и IQOS (Ајкос) уредите, релевантни во нивните експертизи.

Д-р Зимлихман во своето излагање нагласи дека производите со намален ризик се важни за оние пушачи кои не можат или не сакаат да се откажат од пушењето, бидејќи тој многупати бил сведок како пациенти со кардиоваскуларни или респираторни болести излегуваат во дворот на болницата да запалат цигара и покрај свесноста за ризикот. Покрај тоа, тој нагласи дека откажувањето секогаш е најдобар избор, но дека етички е да се информираат лекарите за овие алтернативни производи и дека е нивна одговорност да ги пренесат овие информации на пациентите. Тој додаде дека најновите упатства на некои здравствени здруженија меѓу кои Европското кардиолошко здружение (ESC) и Американскиот кардиолошки колеџ (ACC) го земаат предвид потенцијалот на овие производи.

Д-р Харпер пак, презентираше податоци дека дури 64% од пациентите на кои им бил дијагностициран рак на белите дробови не се откажале од пушењето и дека за да се забележи разликата и позитивните ефекти кај оние кои ја направиле промената од согорливи цигари на производи со помала штетност е потребно време. Д-р Харпер нагласува дека е потребен прагматичен пристап базиран на научни докази кој треба да биде применет од сите креатори на закони и регулативи низ светот за намалување на ризикот од пушењето.

Како заклучок од изнесеното произлегува дека производите како IQOS се создадени да обезбедат подобра алтернатива, со помал ризик од обичните цигари, а ова е навистина поддржано од голем број на научни истражувања.

 


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*