Прва посета на осигурителни компании од Турција, можна соработка во здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси


– Осигурителни компании од Турција, членки на Истанбулската трговска комора (ИТО), вчера на средба со Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) во Скопје ги разгледале можностите за развивање заднички производи и оцениле дека е можна соработка во областа на здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси.

Ова, како што информира МАТТО, е прва посета на претставници на осигирителна индустрија на Република Турција. Посетата е истражувачка за проценка на можност за соработка, инвестиции и проектно партнерство.

-Турската бизнис делегација, предводена од претседателот на Здружението на осигурителните куќи, Хусејин Дуру, беа пречекани од претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски и од Марија Томеска, потпретседател на МАТТО и претседател на Управниот одбор на „Еуролинк“. Двете страни ги претставија индустриите и констатираа дека заеднички можат да развиваат осигурителни производи: здравствено осигурување, кое е во подем кај нас, а во Турција доживува експанзија, како и осигурување во областа на штети од земјотреси, кое кај нас не постои, а во Турција е развиено. Турската страна ја презентираше онлајн платформата „Осигурителен инфо центар” што ја интегрира цела осигурателна индустрија (економски оператори, производи и цени), а се апдејтира на дневната основа. Со платформата се постигнува транспарентност, и за компанниитре и за граѓаните и се влијае на регулацијата на овој пазар, информира МАТТО.

Осигурителната индустрија во Турција лани направила обрт од 12 милијарди евра.


Вести

Објавени конкурсите за ученички стипендии, воведени нови категории за техничките струки

– Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од вчера започна аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година. Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок […]

Вести

Загадувањето во Скопје над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични

– Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 […]

Бизнис и економија

Нов протест на оштетените од Еуростандард банка

Оштетените од пропаѓањето на Еуростандард банка најавуваат дека ќе одржат втор протестен собир пред зградата, како што наведуваат, „на еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат, а тоа е Народната Банка“. Протестот […]