Прометот во индустријата зголемен во март


Прометот во индустријата во март бил зголемен за 17,5 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат статистичките податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Пораст е забележан кај интермедијарни производи, освен енергија за 39,5 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 21,4 проценти,  нетрајни производи за широка потрошувачка за 12 проценти и капитални производи за 3,8 проценти.
Прометот на индустријата е зголемен и во споредба со февруари за 12,3 проценти, како и во периодот јануари-март годинава во споредба со истиот период лани за 16,8 проценти.
На домашниот пазар, прометот во индустријата во март во однос на март лани е зголемен за 19,6 проценти, а во споредба со февруари годинава за 29,9 проценти.
На странските пазари, зголемувањето е 16,2 проценти во споредба со март лани и за 8,2 проценти во однос на февруари годинава.