Продолжува Проектот за финансиска писменост со ИНФЕ-ОЕЦД, Министерство за финансии на Холандија и Money Wise

finansiska-pismenost
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Продолжува јакнењето на капацитетите на Народната банка и финансиските регулатори (Министерство за финансии, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурувањето и Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување) во полето на финансиска едукација, преку соработка со еминентни финансиски институции.

Од Народната банка денеска соопштија дека започнува втората фаза на Проектот за финансиска писменост на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и нејзината Меѓународна мрежа за финансиска едукација (ИНФЕ), спроведен со финансиска поддршка на Министерството за финансии на Холандија и неговата Money Wise платформа, што ќе се одвива во следниот петгодишен период, од 2023-2027 година.


– Главниот приоритет на втората фаза е да ги поддржи земјите да го подобрат нивото на финансиска писменост на нивното население преку поддршка при утврдувањето и имплементацијата на домашните стратегии и политики за финансиска писменост, со нудење изработка на анализи, извештаи и препораки за градење капацитети приспособени на соодветните институционални потреби и стратешките приоритети, се појаснува во соопштението од Кабинетот на гувернерот.

Со проектот, покрај нашата земја, ќе бидат опфатени и Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Романија и Украина. Преку проектните активности, се посочува, ќе се обезбеди можност за пристап до експертиза од регионот и пошироко за актуелни прашања од областа на финансиската писменост и ќе се покренат ефикасни иницијативи за финансиска едукација кои произлегуваат од најдобрите меѓународни практики и искуство.

Во рамки на првата фаза на Проектот (2018-2021 година), од страна на Народната банка, а во соработка со останатите финансиски регулатори, беше изработена првата Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија (за 2021-2025 година). Беше изработен и Кодекс на добри практики за финансиска едукација, како и Рамка на основните компетенции за финансиска едукација.

– Воедно, воспоставена е мрежа на субјекти од приватниот и граѓанскиот сектор, вклучени во областа на финансиска едукација и инклузија. Во рамки на првата фаза, меѓу другото, од страна на ИНФЕ-ОЕЦД беа собрани податоци за нивото на финансиска писменост на возрасното население, а беше спроведена и анкета за финансиската писменост на микро, мали и средни претпријатија. Овие мерења создадоа основа за натамошни активности во областа на финансиската писменост, кои ќе продолжат и во втората фаза од проектот, стои во соопштението од Народна Банка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK