Продолжени сертификатите на возачите во меѓународниот патен сообраќај и за превоз на опасни материи


Продолжени сертификатите на возачите во меѓународниот патен сообраќај и за превоз на опасни материи - МИА

Скопје, 17 мај 2020 () – Со уредби со законска сила се продолжени роковите на важење на сертифкатите на возачите во меѓународниот патен сообраќај и на возачите кои вршат превоз на опасни материи, за време на вонредната состојба. Одложено е и објавувањето на огласот за одобрување возни редови за нови линиии или промена на возни редови на одобрени линии.

Владата денеска на седница донесе уредба со законска сила за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај за време на вонредна состојба, со којашто се одложува спроведувањето на испитите во надлежност на Министерството за транспорт и врски и се продолжува рокот на важење на сертификатите на возачите кои вршат превоз на опасни материи, соопшти владината прес-служба.

Со цел да се продолжи рокот на важење на сертификатите на возачите кои учествуваат во меѓународниот патен сообраќај и да се одложи спроведувањето на јавниот оглас за одобрување возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии, на седницата е донесена уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба.


Вести

Нови 594 случаи на КОВИД-19, оздравени 162, починати три лица

Во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на КОВИД-19 од кои најголем дел во Скопје, 303. Оздравени се 162 пациенти, а починати се три лица. Како што соопшти […]

Вести

Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години

Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели. Сè […]

Вести

Историчарите со мали поместувања напред, но засега без договор за Гоце Делчев, Заев верува во решение преку взаемно почитување

– По два дена разговори во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, кој и понатаму останува пречка на сопнување. Има нови предлози и идеи за кои засега не […]