Прилепските пензиоери не отстапуваат од барањата за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите

prilep
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Прилепските пензионери и денеска самоиницијативно се собраа пред нивното Здружение во центарот на градот. Тие продолжуваат со своите барања за линеарно, а не за процентуално зголемување на пензиите.

– Не отстапуваме од нашето барање за линеарно зголемување на пензиите, и тоа по 3 500 денари, а не процентуално, зашто не може да бидеме граѓани од трет ред, ние, со ниски пензии, а трошиоците за живот и потребите на сите се исти без разлика на висината на пензијата, изјави пензионерката Верче Јанческа. Јанческа нагласува дека е одбиено нивното барање за средба со претседателот на прилепското Здружение на пензионери.


– Претседателот не сакаше ниту да се види со нас, да разговараме, ниту да не прими. Ние не отстапуваме од нашето барање кое е достоинствено. В понеделник ги продолжуваме протестните собирања и бараме да дојде и министерката за труд и социјална политика, рече Јанческа.

Во Прилепскиот регион, Прилеп, Долнени и Кривогаштани, се близу 15 000 пензионери од кои повеќе од половината се со ниски примања, под 15 000 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK