Претставување на Регионалниот фонд за предизвици во С Македонија


Конференција за претставување на Регионалниот фонд за предизвици во Северна Македонија денеска ќе се одржи преку платформата „Зум“ со почеток во 11:30 часот. На настанот на кој свое обраќање ќе има и министерката за образование и наука Мила Царовска ќе биде најавено отворањето на првиот повик за изразување интерес.



Освен министерката Царовска, на конференцијата најавено е присуство на амбасадорот на Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн, Рене Ешеман, директор на канцеларија на KfW за Косово и Северна Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ, извршен директор на Стопанска комора на Македонија, Фридер Верман, Регионален фонд за предизвици, Единица за управување со фондови, раководител на тимот, Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германската индустрија во Северна Македонија, Албанија и Косово и Курт Витрих, раководител на тим во Образование за вработување, Хелветас, Северна Македонија.

На настанот ќе учествуваат и претставници на јавните институции надлежни за стручно образование и обука, меѓународни организации и иницијативи, стопански комори, даватели на стручна обука, претпријатија и здруженија.