Преку мерката Вработување и раст на правни субјекти вработени 450 лица, од кои 286 млади

Вкупно 450 невработени лица се вклучија на пазарот на трудот преку мерката Вработување и раст на правни субјекти што е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година- Шанса за сите. Повеќе од 50 проценти од вработените лица, односно 286 се млади до 29 години.

Како што соопшти денеска Агенцијата за вработување, за реализација на овие вработувања досега се исплатени 59.060.500 ден од потсметката на Агенцијата за вработување наменета за активни програми и мерки.

Мерката Вработување и раст на правни субјенти поддржува креирање нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Преку оваа мерка годинава е планирано да бидат вработени 497 невработени лица евидентирани во АВРСМ, а предност им се дава на младите лица до 29 години и корисниците на гарантиранa минимална помош. Вкупниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 76.279.000 денари.

Висината на грантот за вработување на едно лице на возраст над 29 години изнесува 92.000 денари, за лица до 29 години возраст висината на грантот за вработено едно лице изнесува 153.750 денари, а за лица корисници на гарантирана минимална помош висината на грантот за вработено едно лице изнесува 200.000 денари. Во еден правен субјект поддржано е вработување од најмногу пет лица. 

Вести

Работните групи не постигнаа договор за законот за Јавно обвинителство 

Работните групи во врска со законот за Јавно обвинителство денеска одржаа куса средба на која не беше постигнат договор. Како што посочија министерката за правда Рената Дескоска и пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив […]

Вести

Јовановски излезе без исказ од ОЈО, но со решение за завршена истрага

Првоосомничениот во предметот „Рекет“ на ОЈО, Бојан Јовановски – Боки 13, денеска по еден час разговор во Обвинителството не даде исказ. Неговиот адвокат Сашо Дуковски смета дека Јовановски сакал да даде исказ но, според него, […]

Вести

Верушевски: Документацијата за прислушуваните разговори беше во СДСМ

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој денеска како сведок беше повикан за случајот „Таргет-Тврдина“ изјави дека првите информации за прислушуваните разговори ги добил кон крајот на 2010 година кога работел како одговорен за безбедносната политика во […]