Повик за земјоделци за субвенции за одржување лозови насади

subvencii
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување постоечки лозови насади.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.


-Минималната површина под лозови насади е 0,2 хектари, а минималниот потребен број на садници е 1389 сацници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2022 година. Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар за сите лозови насади, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

МЗШВ ги потсетува земјоделците дека крајниот рок за поднесување апликации за субвенции е 30 јуни 2023.

Земјоделците може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб-страницата на Платежната агенција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK