Потпишување на договор за новата инвестиција „e.GO” во ТИРЗ – Тетово


– Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција „e.GO”. Ќе се произведуваат електрични возила, а со оваа нова инвестиција се очекува да се отворат 3.000-4.000 нови работни места.

 

 

– Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили, наведе Владата во соопштението што беше испратено по одржувањето на 68. седница на која беше донесена одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош.

Придобивките од инвестицијата се многукратни – нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, договори и дополнителна работа за локални компании.

На денешното потпишување на договорот најавено е обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски. На настанот ќе бидат присутни и останати вицепремиери и министри на Владата.