Поддршка од Холандија за градење на човечкиот капитал во Министерството за финансии



– Размената на искуства и знаења помеѓу министерствата за финансии на Република Северна Македонија и Кралството Холандија продолжува и следните две години во насока на градење на подобар систем на јавни финансии во земјава. Министерката за финансии Нина Ангеловска потпиша Меморандумот за соработка 2020-2022, потпишан од холандскиот министер за финансии Вопке Хоекстра, кој и го врачи амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп.

Согласно Меморандумот, како што соопштуваат од Министерството за финансии, двете министерства ќе соработуваат преку размена на знаења, искуства и информации за политиките што се спроведуваат. Се предвидуваат програми за обуки, студиски престои, работилници и сл. Преку  соработка и пренесување know-how ќе се придонесе кон градење на човечкиот капитал, како и црпење информации од туѓите искуства во градењето на ефективен систем на јавни финансии.

Министерката за финансии Ангеловска истакна дека Холандија дава многу важна поддршка за реформите што се прават во јавните финансии во Република Северна Македонија. Инаку, билатералната соработка меѓу двете министерства започна во 2017 година.

Холандија е значаен партнер на Република Северна Македонија во развојните реформи во сите сфери. Од нашето осамостојување досега, Холандија има доделено средства во висина од над 200 милиони евра за поддршка на проекти во Република Северна Македонија.


Вести

Добрила Кацарска предложена за уставен судија

– Судскиот совет на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија,  потврдија за МИА од СС. Предлогот за судијката Кацарска ќе биде испратен на […]

Вести

Европските земји ги враќаат строгите епидемилошки мерки

– Голем број европски земји соопштија дека по зголемувањето на бројот на новозаразени, ќе воведат нови мерки за борба против ширењето на коронавирусот, што ќе вклучува ограничување на патувањето, порано затворање на барови и ресторани […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]