Пасиштата имаат потенцијал да станат дел од алтернативниот туризам


 Примена на мерки за подобрување на состојбата со деградираните пасишта во неколкуте пилот-пасишта Лера, Улазна и Дуфска Планина, Врбенско брдо, поставување боксови за молзење за овци и фотоволтаични панели, како и чистење на смреките и дрвенастите грмушки, се дел од резултатите од проектот „Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“, што беа презентиран и денеска.

-Преку овој проект се овозможува помош и поддршка во процесот на брендирање и идентификување на локалните производи на Шар Планина како овчо сирење, јагнешко месо, пастрмка и волна, информира Александра Каракашова Сачкарска, претставник на проектот којшто во изминатите 18 месеци го спроведе Милиеуконтакт Македонија во партнерство со Здружението на агроекономисти и Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта.

Кашкарова Сачкарска информираше дека е овозможено значителна поддршка во однос на правење  на визуелна идентификација – лого, предлог пакување на производите и упатство како да ги брендираат и заштитат согласно со Законот за квалитетни земјоделски производи.

Во однос на економскиот развој, посочи таа, биле изработени анализи на клучни чинители, засегнати страни, можности за развој, капацитети, вмрежување, стратешки документи за развој на еко и агро туризам, маркетинг стратегии.

– Овие подрачја имаат потенцијал и со добра организација и поддршка од надлежните  институции во иднина може да бидат развиени и да нудат туристички услуги во некои од алтернативните видови на туризам: рурален, еко и агро туризам, со посета на бачила, со нудење дегустација на сирење, месо, запознавање на процесот со одгледување на овци, правење на сирење и слично. Но, за тоа треба да се работи многу, рече Каракашова Сачкарска.

Љуљзим Фејзулаи, директор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта истакна дека благодарени на проектот се направени четири бачила или пасишта.

– Имаше неколку придобивки од ова: од социјален карактер се интервенираше во пасишта каде што има млади фармери и да се помогнат да опстанат на пасиштата, бидејќи знаеме дека условите се малку потешки зашто намема електрична енергија, немаме патишта, кога нема овци и стока тие пасишта се деградираат. Оваа помош е добредојдена за тие да опстанат на пасиштата, да имаат свој економски бенефит самите фермери, а додека ние како јавно претпријатие проектот го земаме како модел и веќе сме во процес да го мултиплицираме во другите делови на пасишта, а не само во Шар Планина, рече Фејзулаи.

Тој истакна дека нивна интенција е со овие пилот-проекти со помош од Владата, Министерството за земјоделство и ЈП за пасишта да инвестираат за да се врати, како што рече, старата слава на овчарството, а со тоа и старата слава на шарското јагне, бидејќи неговиот извоз за Италија и носи големи девизни приливи на државата.

Вести

На протестите во Боливија досега има 23 убиени луѓе

Четири луѓе беа убиени вчера во протестите во Боливија со што бројот на жртви од почетокот на кризата во крајот на октомври се најмалку 23, соопшти Интерамериканската комисија за права на човекот. „Од петокот досега […]

Бизнис

Стопанственици бараат увоз на работници од странство

Дали Министерството за труд и социјална политика размислува за увоз на работна сила од трети земји, бидејќи нашата заминува и дали државата е фокусирана на ослободување на законската регулатива за ангажирање на работници од странство, […]

Вести

Кофинансираните специјализанти за утре најавија протест, за Филипче нивното барање е легитимно

Група од 130 лекари на кофинансирана специјализација за утре најавија протест пред Министерството за здравство, на кој ќе го изразат своето незадоволство од условите и договорите по кои работат.  Како причина за протестот го наведуваат […]