Отворен Саемот за транспорт – третиот саем од трилогијата „Саеми во пролет“

saem
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во организација на Скопски Саем, од денеска до петок, 9 јуни, е отворен Саемот за транспорт, што е третиот саем од трилогијата „Саеми во пролет“.

-Саемот за транспорт годинава почнува со значително квалитетна палета на учесници и брендови, а воедно и одлични саемски понуди за сите потреби на секој бизнис, во областа на транспортот. Сето ова е со цел заштеда на време, модернизирање на оперативните активности, а и последователно креирање нови можности за фокусирање на нови успеси за секој бизнис, изјави Даниела Глигоровска, управителката на Скопски Саем.


На тековното издание на Саем за транспорт учествуваат над 40 брендови од државата, но и регионални и светски имиња во светот на транспортот и логистиката.

-Во рамките на бројните учесници и брендови, горди сме што имаме учесници од диверзифицирани дејности. На годинешниот Саем за транспорт се вбројуваат реномирани импортери на товарни, комерцијални и приклучни возила, автобуси, градежна механизација, компании за логистички и транспортни услуги, пратечка индустрија и услуги, дополни Сања Кондарко, Оперативен директор на Скопски Саем.

Саемот е отворен за сите заинтересирани посетители и за лица од деловниот свет, а се реализира на отворено, во комплекс „Борис Трајковски“ во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK