Онлајн конференција за зачувување, одржување и промоција на агробиодиверзитетот


Онлајн конференција за зачувување, одржување и промоција на агробиодиверзитетот - МИА

Скопје, 22 септември 2020 () – Заштита на автохтоните сорти и раси, на генетските ресурси и на традициите преку здружување и поддршка на производителите, се само некои од прашањата што ќе бидат отворени на онлајн конференцијата организирана од здружението за донирање храна „Ајде Македонија“ во соработка со Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија.

Конференцијата ќе се одржува денеска, утре и задутре од 14 до 15:30 часот, а целта е подигнување на јавната свест за значењето на агробиодиверзитетот и автохтоните сорти како наше културно богатство.

Предвидено е во дискусијата да се вклучат сите засегнати страни кои придонесуваат во вреднувањето на биодиверзитетот и да се постават трасите за нивната натамошна соработка.

Организаторите најавуваат учество на професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и од Земјоделскиот факултет во Штип, како и на претставници од Ген банката на Земјоделскиот институт во Скопје.  Посебен ден е планиран за невладиниот сектор.

Онлајн конференцијата е финансирана од Мировниот корпус и УСАИД.


Вести

Три медицински сестри од ГАК позитивни на Ковид-19, а доктор и директорката се во самоизолација

– Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на Ковид-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени […]

Вести

Апел од верските лидери до граѓаните: Да се почитуваат мерките со цел заштита на своето здравје и здравјето на блиските

– Сите наши верници и сите граѓани на нашата држава, на актуелната состојба со коронавирусот да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, […]

Во Собранието формирани пратеничките групи - МИА
Вести

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

Измените и дополнувањата на Законите за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври. Доколку […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*