Официјална и бизнис делегација од Лавовската област во Украина во работна посета на Република С. Македонија


Во периодот од 02-03 декември 2021 година во С. Македонија со трговска мисија престојува бизнис делегација од Лавовската област предводена од заменик-претседателот на ЛОДА (Лавовската обласна државна управа) В. Загајниј.


 

Посетата на украинските претприемачи во Скопје е посветена на интензивирање на билатералната трговско-економска соработка меѓу Украина и Република С. Македонија, проширување на областите на соработка, пред се во областите на трговијата, претприемништвото, туризмот, како и на воспоставувањето на директни врски меѓу украинските и македонските компании.

Во текот на првиот ден на посетата се одржаа неколку интересни средби и настани.

Одржана е заедничка средба со раководството на Стопанската комора на С. Македонија и средба со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на С.Македонија Љупчо Јаневски. Во рамки на дискусиите, страните ја потврдија својата заложба за активен развој на трговско-економската соработка, особено во областите на трговијата и туризмот. Покрај тоа, беше одржана и сесија на B2B контакти меѓу бизнис претставници од двете земји за воспоставување на директна соработка меѓу украинските и македонските компании.

Се одржа средба меѓу заменикот на Началникот на Лавовската обласна државна управа Виталиј Загајниј и раководителот на групата за пријателство меѓу Украина и С. Македонија Јован Митрески. Страните го констатираа високиот степен на развој на билатералните односи, особено на меѓупарламентарната соработка, исто така разменија мислења за нивниот понатамошен развој.

Членовите на делегацијата на Лавовската област ја посетија и Амбасадата на Украина, каде имаа можност да се запознаат со персоналот на дипломатската мисија и украинската дијаспора во РСМ, како и да разговараат за перспективите за одржување на натамошни контакти.

Амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук: „Уверена сум дека посетата на делегацијата на Лавовската област како еден од најмоќните региони на Украина ќе ја интензивира трговско-економската соработка меѓу Украина и С. Македонија и ќе придонесе за понатамошен раст на билатералната трговска размена меѓу нашите пријателски земји“.

Денес, на вториот ден од престојот во С.Македонија, делегацијата предводена од заменикот на началникот на ЛОДА Виталиј Загајниј одржа средба со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. На средбата се дискутираа состојбата и натамошните перспективи на соработката меѓу украинските и македонските региони и заедници.

И, секако, посетата на делегацијата од Лавовската област не можеше да помине без посета на споменикот на Тарас Шевченко во Скопје. Положувањето цвеќе пред споменикот на најсаканиот украински писател  веќе стана традиција за време на посетите на украинските делегации во С. Македонија.