Одобрени две инвестиции за фотонапонски електрани во вкупна вредност од 116 милиони евра


Владата вечерва издаде соопштение во кое ги корегираше местата каде треба да се градат двете соларни електрани во вкупен износ од 116 милиони евра.


 

Соларната електрана со јачина од 85 мегавати на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ринуабл Пауер Интернационал“ ДООЕЛ Скопје ќе се гради во атарот на Долни Балван во општина Карбинци, а електраната на компанијата „Хер Солар Мк“ ДООЕЛ Скопје со јачина од 70 мегавати ќе се гради во општина Пехчево.

Првата инвестиција е вредна 63 милиони евра, а втората 53 милиони евра.