Од полноќ намалување на цените на горивата

benzin-gorivo-960x639.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 % во однос на одлуката од 9.5.2024 година.


Од 14.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,007 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,602 ден/кг и сега ќе изнесува 44,007 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,519%, кај дизелот за 1,252%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,663%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,151%

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK