Обид за напад на системот на Tesco



ript>

Британскиот ланец на супермаркети Tesco соопшти дека нивната веб-страница и апликација се вратени во нормала, откако услугите биле прекинати поради обид да се мешаат во нивните системи.


 

„Нашата веб  страна и апликација за онлајн намирници сега работат. Нашите тимови работеа деноноќно за да ја вратат услугата и навистина им се ивинуваме на нашите клиенти за непријатностите“, изјави портпаролот на Tesco.

Компанијата првпат го доживеа проблемот во саботата, бидејќи клиентите не можеа да нарачаат стоки и да ги следат испораките.

„Од вчера, доживеавме прекин на нашата веб-страница и апликација за онлајн намирници. Беше направен обид да се попречат нашите системи што предизвика проблеми со функцијата за пребарување на страницата“.

Се вели дека нема причина да се верува дека податоците за клиентите биле компромитирани.