Нови проекти на РИКО и ЕУ Фондовите за медиумска писменост и младинско претприемништво


Во рамки на четвртиот Отворен предлог проекти на РИКО, поддржан од Европската унија, денеска Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) потпиша договор со Здружението за едукативен развој Еквалис. Со ова, ќе бидат доделени два проекта фокусирани на темите медиумска писменост и младинско претприемништво.  


 

Проектот имплементиран од Еквалис ќе ја промовира медиумската писменост кај младите во регионот фокусирајќи се на критичко размислување и креирање позитивни регионални наративи, додека Фондацијата ПСМ ќе ги поврзе младите преку унапредување на нивните лидерски и претприемачки вештини, помагајќи им да истражуваат нови можности и идеи во справувањето со кризата КОВИД-19.

Претседателката на Еквалис, Сања Михајловска која присуствуваше на потпишувањето на договорот посочи дека за решавање и дискутирање околу предрасудите, стереотипите и дискриминацијата во медиумите, овој проект ќе ги поврзе младите и ќе ги поддржи во креирањето и споделувањето на нивните стории преку подкасти и медиумска кампања

Според директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, овие иницијативи придонесуваат за соработка на младите во регионот и затоа како што рече, Агенцијата за млади и спорт секогаш со задоволство соработува со РИКО

Младинскиот претставник во Управниот одбор на РИКО, Владимир Ѓорѓевски која исто така беше дел од денешната церемонија, истакна дека овие грантови ги поврзуваат младите и младинските организации воедно и придонесуваат за позитивен развој во регионот.  

Говорејќи за улогата и ангажманот на младите во овие процеси, советникот за труд и социјална политика на премиерот на Северна МакедонијаМилан Живковиќ, се фокусирал на важноста на демократските процеси и вклученоста на младите.

Владата на Северна Македонија го поддржува РИКО, неговото функционирање и сите негови процеси затоа што е многу активна организација и постигна многу позитивни резултати во Северна Македонија, посочи Живковиќ.

Проектите поддржани во рамките на четвртиот отворен повик на РИКО, се спроведуваат од февруари до октомври 2021 година

Како што информираат од РИКО, овие проекти поттикнуваат помирување и регионална соработка меѓу младите, како и зајакнување на капацитетите на граѓанското општество во прилагодувањето кон КОВИД-19 средината.

РИКО смета дека е од клучно значење да се одржи младинскиот развој и моментот на помирување дури и во време на криза. Во текот на фазата на аплицирање, примени се 129 апликации што овозможија околу 400 партнерства од регионот. Вкупниот финансиски пакет за повикот беше 333,000 евра, се наведува во соопштието.