Нови цени на услугите на националната „Пошта“

poshta_4543543

Агенцијата за пошти одобри нови цени за осум поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга, што ќе бидат во сила од 1 февруари. Новите цени за пет услуги се зголемени, а за три се намалени и се донесени на барање на АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје.

Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари ќе се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари. Пониски се цените за гломазно писмо над 250 до 500 грама (80 денари), за гломазно писмо од 500 до 1.000 грама (128 денари), како и за гломазно писмо над 1.000 до 2.000 грама (176 денари), се наведува во решението од Агенцијата за пошти.

Новиот ценовник е достапен на веб страницата на „Пошта“, која согласно со последните законски измени  има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до крајот на годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn