Нови 10 милиони евра за малите и средни претпријатија од ЕБОР

Десет милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе бидат достапни за кредитирање на малите и средните претпријатија во Македонија преку Шпаркасе банка, која е втора македонска банка што се приклучува на оваа иницијатива на ЕБОР. Договорот за реализација е потпишан денеска во Скопје.

Средствата се обезбедени од  Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан, што заедно со Европската Унија (ЕУ), обезбедува среднорочно и долгорочно финансирање на малите и редните претпријатија и им помага да ги достигнат ЕУ стандардите.

Финансирањето на ЕБОР за Шпаркасе банка Македонија ќе биде насочено кон надградба на производствените капацитети за подобрување на конкурентноста на локалните компании, а најмалку 60 отсто од фондовите ќе бидат насочени кон намалување на потрошувачката на енергија и ресурси, и поврзаните трошоци.

Малите и средни петпријатија што ќе користат кредити преку Шпаркасе банка Македонија, доколку успешно ги завршат проектите на модернизација до одредени ЕУ стандарди, ќе добијат ИПА грант финансиран од ЕУ.

– Малите и средните претпријатија се главен двигател на македонската економија. Според податоците на ЕУ, тие придонесуваат со скоро 65 отсто во вкупната додадена вредност и околу 80 отсто во сите работни места во земјата, што  е далеку над просекот во ЕУ каде овие проценти изнесуваат 57 и 66 соодветно. Во почетокот на годинава, сличен финансиски пакет, од истата програма, беше доделен и на Охридска банка, информираат од Шпаркасе банка.

Кредитот на ЕБОР е поддржан со 1,5 милиони евра грант од ЕУ, од Инструментот за пред-пристапна помош (ИПА).

Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан се стреми да обезбеди вкупно 30 милиони евра за кредитирање на македонските комерцијални банки, во наредниве години, придружувани од грант од ЕУ во вкупен износ од шест милиони евра.

Програмата е надградба на претходната поддршка на конкурентноста во износ од 20 милиони евра, која беше пласирана од 2010 до 2015 и беше поддржана од Европската Унија која обезбеди четири милиони евра грант.

ЕБОР инвестира во македонската економија од 1993 година. Досега банката има потпишано над 110 проекти во земјата, со нето кумулативен бизнис обем од над 1.75 милијарди евра.

Вести

Ново привремено затворање на патот Качаник – граница со Македонија

Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување градежни работи на автопатот Приштина – Скопје, привремено ќе биде затворен регионалниот пат Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на границата со Македонија, јави […]

Балкан

Турски воени авиони го пресретнале хеликоптерот со кој патувал Ципрас

За време на патувањето на премиерот на Грција, Алексис Ципрас кон островот Агатониси, што се наоѓа во близина на Турција, по повод грчкиот национален празник, турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор и го […]

Вести

Утврден редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар

Партиите кои поднесоа кандидатури за предвремени избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар, денеска во ДИК со жрепка ги добија редните броеви под кои ќе се најдат нивните кандидати на гласачкото ливче. Предвремените […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Вести

Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа

Бугарската православна црква ќе продолжи да помага за решавање на статусот на македонската црква, најави денеска бугарскиот патријарх Неофит. – Важно беше да се утврди името на државата и верувам дека постепено ќе одиме кон […]

Вести

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности. Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е […]

Интересно

Џенифер Лопез и Алекс Родригез во реклама за очила за сонце

Новопечените свршеници Џенифер Лопез и Алекс Родригез се поврзаа и во модниот свет, за новата кампања за очила за сонце на брендот Квеј Австралија. – Квеј Австралија е еден од моите омилени брендови откако ги […]

Интересно

Безжичните слушалки на Епл може да предизвикаат рак

Безжичните слушалки Ерподс на Епл, како и другите безжични додатоци на паметните уреди, може да предизвикаат рак, сметаат стручните лица од Универзитетот Беркли. Според д-р Џоел Московиц, тие технолошки уреди „комуницираат меѓу себе користејќи поле за […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*