Нова мобилна апликација „TitanUp” – модерна и ефикасна услуга за купувачите на УСЈЕ


– Унапредување и модернизација, брза и ефикасна услуга во процесот на испорака на производите се дополнителни можности што ги нуди новата мобилна апликација „TitanUp”, која Цементарница УСЈЕ АД Скопје ја креираше за сите свои купувачи. „TitanUp” апликацијата овозможува нарачките да се реализираат без физички контакт со што купувачите заштедуваат време.

Преку новата мобилна апликација која е достапна на Андроид и ИОС, како и преку интернет страницата на компанијата www.usje.com.mk, корисницците ќе имаат брз и 24-часовен пристап за нарачки, следење на процесот и статусот на испорака, како и проверка на финансиските и материјалните податоци поврзани со нарачките. Освен тоа апликацијата нуди и историски преглед на претходните нарачки, со што е овозможено лесно и едноставно планирање.

„Наша цел е модернизација на нашите услуги со што ќе го зголемиме задоволството на нашите купувачи, но истовремено ќе воведеме нови повисоки стандарди во работењето што ќе го направат целокупниот процес поефикасен и ќе донесат нов развој. Покрај тоа ние постојано се трудиме да го подигнеме нивото на безбедност во сите сегменти од нашиот работен процес, а со оваа апликација им овозможуваме на нашите купувачи да работат непречено и во овие услови кога важат посебни мерки за физичка дистанца за да го спречиме натамошното ширење на вирусот Ковид 19. Ние и понатаму ќе продолжиме да работиме на нови услуги и на подигнувањето на стандардите во нашето работење, бидејќи искрено веруваме дека само општествено одговорна компанија може да биде успешна“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на УСЈЕ.

Со цел компанијата да придонесе кон заштитата на животната средина со намалување на отпадот од амбалажа, продолжува со техничка поддршка на погоните за готов бетон, овозможувајќи користење на силосите за складирање на цемент без надомест.

Мобилната апликација „TitanUp” дополнително ќе се развива и унапредува и во следниот период. За да ја подобри услугата, УСЈЕ ќе ги земе предвид сите сугестии и забелешки од корисниците и истата ќе биде адаптирана согласно нивните потреби.

УСЈЕ и досега во континуитет ги зема предвид предлозите на корисниците. Последното истражување на задоволството од услугите на компанијата во кое учествуваа 140 корисници, покажа дека тие се задоволни и сметаат дека УСЈЕ е висококвалитетен производител на цемент, кој нуди врвна услуга и близок однос со своите купувачи во насока на успешна соработка.


ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата - МИА
Вести

ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата

Скопје, 13 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа првата прес-конференција по отпочнувањето на трите денови гласање во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Портпаролот […]

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Активни 3.526 случаи на заразени со Ковид-19, оздравеле 4.203 лица

Скопје, 13 јули 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите - МИА
Вести

Понеделник//Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

Скопје, 13 јули 2020 () – Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која граѓаните ќе можат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*