Нова експозитура на ИутеКредит во Скопје


Скопје 03 март, 2021 – Денес во скопската општина Чаир беше отворена нова, осма по ред, експозитура на ИутеКредит.


 

Експозитурата се наоѓа на фрекфентна локација блиску до стадионот во Чаир, што ќе им даде на граѓаните од овој реон можност да се информираат и да аплицираат за кредит многу побрзо и поедноставно. На отворањето на новиот објект присуствуваше и бренд амбасадорот на ИутеКредит, популарниот рели возач Игор Стефановски Иџе.

ИутеКредит Македонија постојано расте и се развива, благодарение, пред сé на лојалните клиенти и соработници.

“Инвестираме во дигитализација на нашите услуги, но и во личен контакт со нашите коминтенти за покомфорно искуство, помалку гужви и чекање редови”, вели Горан Василев, главен извршен директор на ИутеКредит.

Финансиското друштво ИутеКредит нуди кредитирање на физички лица на суми до 150 000 денари на 36 рати, како и наменски кредити за купување на производи и услуги во голема партнерска мрежа, која опфаќа трговци од доста различни индустрии.

Со цел да одговори на потребите на граѓаните ИутеКредит нуди и специјализирани производи како кредит за пензионери до 75 години, кредит за рефинансирање на долгови во други финансиски друштва и единствена на пазарот Mastercard картичка која овозможува полесно користење на одобрениот кредит.

ИутеКредит во Македонија е присутна во шест градови и опслужува приближно 70 000 локални клиенти. Покрај Македонија, ИутеКредит работи и во Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија.