Продолжува интересот на странските инвеститори во општина Илинден
Општина Илинден останува во фокусот на инвеститорите. Во локалните економски зони во Општина Илинден се градат и се отвораат нови стопански објекти, а веќе постоечките ги прошируваат своите капацитети. Проширување на капацитетот направи и компанијата SCANIA, која организираше свечено отворање на новиот сервис центар, каде присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски.
Градоначалникот Георгиевски во своето обраќање им посака успех во понатамошното работење и додаде дека Општина Илинден има одлични услови за поволна бизнис клима. Интензивниот развој на економската инфраструктура, во делот на изградба на транспортна, комунална и енергетска инфраструктура во локалните економски зони во изминатиот период придонесе многу стопански субјекти да го почнат својот бизнис во општина Илинден, но и многу постоечки компании во општината да ги прошират своите капацитети, соопштија од Општина Илинден.