Наскоро истекува рокот за конкурирање за двете мерки за инвестиции во земјоделството од ИПАРД 2

За три недели односно на 29-ти овој месец истекува рокот за поднесување на барања за мерката 3 во делот на ИПАРД програмата „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Рокот за поднесување на барања за мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ истекува на 9-ти февруари.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, посочувајќи дека вкупната сума што е на располагање за домашниот агро-сектор преку овие два повика е во износ од 25 милиони евра, односно вкупната финансиска поддршка за мерката 3 е 13,2 милиони евра, а за мерката 1 близу 12 милиони евра.

– Со оглед на тоа на што за овие два јавни повика имаме одредени новини во делот на аплицирањето, очекуваме рокот на обработка на барањата да биде многу брз од страна на Платежната агенција, заради тоа што ги зајакнавме капацитетите. За првпат овој период започнавме 18-месечна кампања за ИПАРД Програмата, во рамки на која заеднички ќе посетиме 90 населени места, ќе има инфо денови, работилници и форуми. Следната работилница е на 22-ри овој месец во Кавадарци. На овој начин сакаме да ги доближиме упатствата, постапките и начинот на аплицирање до сите заинтересирани апликанти, изјави Николовски.

Истакна дека што се однесува до првиот повик од претходниот период, досега се склучени 932 договори, во износ од околу 18 милиони евра, и оваа, рече, е рекордна бројка на пристигнати апликации по било кој повик на ИПАРД. Очекува дека со актуелните повици што се сега отворени бројот на поднесени апликации да се зголеми, а со тоа да се зголеми искористеноста на самиот ИПАРД.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски посочи дека ИПАРД Програмата е одлична можност домашните компании да создадат македонски земјоделски производи со додадена вредност.

– Искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата за нас претставува нов позитивен инпут во буџетот на државата, односно зголемување на бруто домашниот производ, бидејќи само со првиот повик и на скоро 400 реализирани проекти, за 123 апликанти парите кои ги вложиле за реализација на инвестициите, веќе им се вратени. Односно 1,4 милиони евра се вратени во македонското стопанство, рече истакна Бабовски.

Во првиот повик за овие мерки се склучени 932 договори со вкупна вредност од близу 18 милиони евра, од кои над 13,2 милиони евра ќе бидат кофинансирани преку европските фондови, а остатокот е национално кофинансирање.

Вести

Јавна седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која, како што е најавено, треба да бидат разгледани и освоени процедури и правилници за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи; […]

Вести

Правосудниот испит пак ќе се полага усмено и писмено пред стручна комисија

Воведување усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за процена на знаењето на кандидатите, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за правосудниот испит, што е […]

Вести

Нов пакт меѓу Франција и Германија

Емануел Макрон и Ангела Меркел денеска треба да го потпишат текстот на договор за јакнење на француско-германските односи за да испратат позитивна порака до Европската унија ослабена со порастот на национализам, јавува дописникот на МИА. Потпишувањето […]

Вести

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за предметот „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности. На последното рочиште беа презентирани материјални докази – документи, списоци од избирачки места, телефонски разговори Во овој случај обвинети се […]

Вести

Схенк: Русија не стои зад лажните вести од Македонија

Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис […]

Балкан

Продолжува комисиската расправа во грчкиот Парламент за Преспанскиот договор

Во 10.30 часот по локално време, денеска продолжува расправата на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент за нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа, јави […]

Интересно

Муралите на Универзитетот Нотрдам ќе бидат покриени поради политичка коректност

Универзитетот Нотрдам во САД соопшти дека ќе ги покрие муралите на оваа католичка образовна установа, кои го прикажуваат пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка. Тоа следи по критиките дека тие се навредливи и понижувачки кон домородните […]

Интересно

Бон Џови дели бесплатни оброци за државните службеници што останаа без плата

Ресторанот на рокерот Џон Бон Џови во Њу Џерси ќе им дели бесплатен оброк на државните службеници кои останаа без плата поради делумното блокирање на работата од американската Федерална влада. На официјалната страница на ресторанот […]

Интересно

Неуспешен обид за Гинисов рекорд (ФОТО)

Дечково испратил официјално барање до канцеларијата на Гинисови рекорди во Њу Јорк да пратат свои претставници кои би го забележале неговиот рекорд. Се пофалил дека може да го запамти бројот pi до две цифри. И […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*