Намален род на тутунот во Струмичко-производителите очекуваат повисоки откупни цени од лани



И покрај тоа што родот на тутунот од годинашната реколта е намален за 10 до 15 отсто во споредба со лани поради сушата, сепак тутунопроизводителите очекуваат повисоки откупни просечни цени.

Марјан Трајков од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево вели дека 90-95 отсто од површините засеани со тутун се обрани и следува процес на обработка на културата.

-Очекувавме во Струмичко да има околу 2,5 милиони килограми тутун, но сушата го намали родот на околу 2,3. За разлика на тоа ќе имаме поквалитетен тутун и ќе имаме подобра цена. Ако лани во струмичкиот регион добивме 210 денари просечна цена, очекуваме оваа година 220 денари за килограм да биде просечната цена, вели Трајков.

Заради подобриот квалитет тутунарите очекуваат и исплата на повисоки субвенции, односно ќе ги нема понеквалитетните берби за кои и субвенциите се помали, односно изнесуваат 60 денари за предаден килограм тутун, за разлика од поквалитетните за кои се исплаќа 70 и 80 денари.

Оваа година тутунот е засаден во Струмичко на површина од околу 1.200 хектари. Од петте компании што вршат откуп во овој дел од државата се пополнети околу 2.400 евидентни листови од страна на тутунопроизводителите.

Според новиот закон последниот рок за почеток на откупот на тутун е 15 декември, но од „Басмак“ се надеваат дека откупот може да почне и еден месец порано доколку временските услови го дозволат тоа.


Од среда почнува предвремена исплата на мајската пензија - МИА
Бизнис и економија

Втора шанса за одложување на плаќање на кредитите бараат 20 до 30 отсто од тие кои веќе ги одложиле обврските

– Дваесет до 30 проценти од граѓаните што ја искористија можноста за одложување на плаќање на ратите на кредитите во првиот период, кој почна од април и трае до крајот на овој месец, побарале да […]

Вести

Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

– Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од Скопје на возраст од 79 години. Регистрирани се 94 оздравени […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на […]