Највисока плата лани имал скопјанец, му биле исплатени над 2,3 милиони евра

Највисока-плата-лани-имал-скопјанец-му-биле-исплатени-над-23.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според податоците искажаниот годишен бруто доход за 2022 година изнесува 413,8 милијарди денари, пресметаниот данок на личен доход е 25,7 милијарди денари. Вкупниот приход на граѓаните е за 47,2 милијарди повисок во однос на 2021 година, данокот на личен доход 3,3 милијарди денари повисок во 2022 година, извести Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.


Годишните даночни пријави УЈП ги изготвува врз основа на податоците од пресметките за исплата на доход поднесени од компаниите во земјава, пресметките со кои што граѓаните пријавиле дека оствариле доход од физички лица од земјава, пресметките со кои што граѓаните пријавиле доход од странски фирми и странски физички лица, годишниот даночен биланс и решенијата за данок на личен доход кој се утврдува според паушално утврден нето доход од вршење самостојна дејност.

Според податоците 617 854 лица оствариле бруто доход од 100 000 до 1 милион денари, додека 62 455 граѓани оствариле бруто доход над 1 милион денари.

Како што информираше Лукаревска, во споредба со 2021, во 2022 година се бележи раст на граѓани кои што оствариле доход кој спаѓа во врвните прагови односно, 28 граѓани во 2022 година оствариле приход над 100 милиони денари, што е за тројца повеќе од 2021 година. 995 граѓани оствариле приходи од 10 милиони до 100 милиони денари што е за 238 лица повеќе од 2021 година.

446 милиони денари е највисокиот вкупен годишен бруто доход остварен по повеќе основи од жител на Скопје и највисоката годишна бруто плата во 2022 година исплатена е кај граѓанин од Скопје.

Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари.

Највисокото лично примање во износ од 280, 6 милиони денари по основ на извршена работа е остварена исто од Скопје, доход кој лицето го остварило во странство.

173, 4 милиони денари е највисоката остварена капитална добивка од жител на главниот град, остварена при продажба на удел во трговско друштво, соопшти Директорката на Управата за јавни приходи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK