Најк започнува со продажба на користени патики во своите продавници


Компанијата за спортска опрема Најк започна со продажба на користени патики во некои од продавниците, како дел од напорите за намалување на количеството на отпад. Иницијативата покрената оваа недела покажува дека одредени продавници ќе продаваат малку носени патики или оние со фабрички дефекти, ќе ги исчистат и ќе ги дезинфицираат.


 

Вака подготвените патики ќе се продаваат по намалена цена.

Американската компанија објави дека во моментов продава користени патики во осум продавници во САД, но планира да ја прошири акцијата на уште 15 локации до крајот на април, а потоа и надвор од Америка.

 

Одржливиот развој е во растечкиот фокус на големите производители на спортска опрема и модната индустрија, која е една од најголемите загадувачи на планетата.

Големите брендови се натпреваруваат за да се докажат како борци против климатските промени. Минатата година „Адидас“ и „Олбердс“ објавија дека ги здружуваат силите во создавање трајни патики чие производствонајмалку ја загадува животната средина.

Најк, од друга страна, има за цел да ги намали емисиите на загадување за 70 проценти до 2025 година.